| четврток, 6 декември 2018 |

Во овие градови најдобро се живее

„Економист“ (The Economist) ги објави резултатите од годинешното истражување за градовите во кои има најдобри услови за живот.

Додека во некои делови од светот луѓето се соочуваат со војни и ред други проблеми, има градови во кои се живее навистина убаво.

ova-se-gradovite-vo-koi-se-zhivee-najubavo-182122

Листата која се изработува секоја година, се базира на бројни истражувања и фактори кои се земаат во предвид. Меѓу нив се – безбедноста, здравството, инфраструктурата, економијата и уште неколку други.

Годинешното истражување покажа дека најдобрите градови за живот се оние со средна големина, во богати земји со релативно ниска густина на населението.

ova-se-gradovite-vo-koi-se-zhivee-najubavo-182121

На прво место оваа година се најде прекрасниот Мелбурн, а интересно е тоа што меѓу првите десет, се најдоа дури четири австралиски и три градови од Канада.

Веднаш по Мелбурн, на листата се најде Виена, потоа Ванкувер, Торонто, Калгари, Аделаида, Сиднеј, Перт, Окланд, а десетото место го делат Хелсинки и Цирих.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top