Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, на 24.8.2015 год., во 6 часот и 25 минути, регистрира земјотрес, чијшто епицентар се наоѓа во соседна Грција, 35 км јужно од Битола и е со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во јужните делови од Р. Македонија, односно Битола и Ресен со интензитет од четири до пет степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


