Реал Мадрид не успеа да слави победа на почетокот од новата сезона во Примера дивизија и се сопна на гостувањето кај новиот прволигаш Спортинг хихон одиграувајќи само 0-0.
Оспоруваниот тренер од навивачите на „кралскиот клуб“ Рафа Бенитез веднаш почна со „вадење“ дека тимот играл добро и ја имал иницијативата, но немал завршен удар во нападот.
Тоа е недезволиво за тренер кој има играчи во составот кои вредат повеќе од 500 милиони евра.
– Не бевме на потребното ниво. Недостигаше завршен удар и реализација, но и повеќе агресивност во првиот дел од натпреварот. Во второто полувреме владеевме на теренот, но залудно кога не успеавме тоа да го материјализираме. Сепак, јас сум оптимист, почеток е на сезоната и сигурно ќе се подобриме во наредниот период – изјави Бенитез по „нулата“ на Реал Мадрид против аутсајдерот Спортинг хихон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)