Во Музејот на град Скопје вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи камерен концерт „Мејд ин Маседониа“.
Програмата предвидува дела од Томе Манчев, Гоце Коларовски, Љубомир Бранѓолица, Александар Џамбазов, Стојан Стојков, Сергеј Михајлов и Томислав Зографски, а ќе настапат Блерим Груби (виолина), Марија Вршкова (пијано), дувачкиот квинтет „Нова“ и трио „Интерарт“.
Ќе биде промовиран двоен компакт диск: 35 фестивали „Денови на македонска музика“, во издание на МИЦ, СОКОМ и МРТ, како и двоен компакт диск „ДММ – 2012“, издание на СОКОМ и МРТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


