Двајца турски војници загинаа, а тројца беа ранети денеска, откако возилото во кое се наоѓале налета на мина.
Експлозијата се случила во близина на градот Шемдинли во југоисточниот округ Хакари, кој се граничи со Ирак и е населен претежно од Курди.
Од крајот на јули турската армија организирала над 400 воздушни напади против цел на Курдската работничка партија во северен Ирак, каде се базирани нејзините вооружени групи, како и во југоисточните региони на Турција, како одговор на нападите на ПКК против припадници на турските сили за безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти
-
Експлозија на гасовод во Истанбул