| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Маџиров избран за член на „Европската асоцијација на книжевници”

„Европската асоцијација на книжевници” со седиште во Париз, го избра Никола Маџиров за член на европското книжевно жири за 2015 година, заедно со уште девет автори од девет европски земји. Тие предлагаат и избираат европски дела кои заслужуваат да бидат преведени на повеќе европски јазици. Финалната селекција насловена како „Финеганова листа” се испраќа до сите европски книжевни центри. Веќе петта година по ред „Европската асоцијација на книжевници” формира меѓународно жири и за првпат член е автор од Македонија.

Истовремено, во градот Галвеј во Ирска, по ѕидовите се исцртаа мурали според поезијата на Никола Маџиров и шкотскиот писател Ирвин Велш, авторот на култниот роман „Треинспотинг”. Во текот на следните два месеци Маџиров ќе настапи во Црна Гора, Романија, Шпанија, Тајпеј, Хонг Конг, Сингапур, Куала Лумпур, Шангај, Пекинг и уште неколку градови во Азија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top