Во Министерството за надворешни работи денеска и утре ќе се одржи работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија. На покана на домаќинот, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, како почесни гости ќе учествуваат неговите колеги од Република Бугарија Даниел Митов и од Република Албанија, Дитмир Бушати.
Како што соопшти МНР, амбасадорскиот состанок ќе го отвори министерот Попоски, а ќе се обратат и министрите Митов и Бушати, кои ќе имаат интерактивна дискусија со шефовите на ДКП за актуелните надворешни политички прашања во рамките на ЕУ и НАТО, процесот на европската и евро-атланска интеграција на Балканот и за перспективите на регионалната соработка.
На амбасадорскиот состанок свое обраќање ќе имаат и претседателот на државата Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, како и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владмир Пешевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.