Истанбул деновите живее во знак на лалето. Деновиве градот се подготвуваше за отворањето на „Меѓународниот фестивал на лалето“, кој годинава ќе го има своето осмо издание, кое ќе трае до крајот на април, а во Истанбул ќе бидат посадени 14.420.000 лалиња – речиси колку што е населението на градот, од 270 различни видови.
Секој април, од 2006 година досега градските власти на Истанбул садат околу сто милиони лалиња, кои го симболизираат доаѓањето на пролетта, во парковите и алеите, покрај патиштата и на секое друго место каде што е можно.
Вообичаено цвеќињата се аранжираат во геометриски фигури или во вид на бранови, делфини или турското знаме.
Оваа година новина на фестивалот е „Музејот на лалето“, што градските власти го отворија во паркот Емиргјан – историски парк, распореден во еден од најживописните квартови на Истанбул, на европскиот брег на Босфор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.