| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае дека ќе ги изгуби изборите и ќе добие шамар од народот

Со нетрпение го чекаме 25 април, утрото кога ќе се разбудат функционерите на СДСМ, од шамарот што народот ќе им го даде, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е во целост соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Што ли ќе си помислат кога ќе се погледнат во огледало?

Убедени сме дека ни тогаш нема да ја сфатат пораката на народот зошто нивната ароганција, среброљубие, препотентност и површност немаат крај. И тогаш ќе измислуваат десетици и десетици оправдувања и лаги пред своето членство за да си ја оправдаат својата неспособност, незнаење, некадарност и кариери исполнети со криминал и луксуз.

Со денешната реакција, СДСМ потврди дека знае дека ќе ги загуби следните парламентарни избори, а со тоа призна дека легитимно и чесно ги изгубила и минатите избори. Денеска СДСМ си ја призна лагата врз основа на која го темели целото свое политичко делување. Ако не лажеа, со две раце ќе го прифатеа предлогот на Никола Груевски за дополнителни 17 пратенички места за победникот на изборите. Кога граѓаните, а посебно членовите на СДСМ, ќе видат дека СДСМ лаже за клучни прашања, тогаш ќе им е до крај јасно дека овие луѓе штом отворат уста лажат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top