| четврток, 6 декември 2018 |

„Само“ трето место за ЖРК Вардар на турнирот во Букурешт

vardar 1

Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар го освоија третото место на силниот турнир во Букурешт, откако денеска во „малото финале“ беа поуспешни Ростов со 33-26.
„Црвено-црните“ експресно го надминаа разочарувањето по поразот од ЦСМ Букурешт во последниот одигран меч, па денеска одиграа далеку подобро пред се во нападот и рутински стигнаа до очекуваниот триумф.

По првото полувреме резултатот гласеше 13-12 за избраничките на Индира Кастратовиќ, кои заиграа уште подобро во вторите 30 минути, кога предноста достигна и девет гола, за на крајот да изнесува седум погодоци разлика.

Македонскиот првак утре се враќа во Скопје, каде од 29 август ќе биде домаќин на силен турнир во својата сала „Јане Сандански“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top