Швајцарската компанија „Perspective Robotics“ со својата најава несомнено ќе израдува многумина љубители на селфи-фотографиите.
Имено, оваа компанија со седиште во Цирих планира да почне проект кој ќе направи револуција во познатите „егопортреги“: FotoKite Phi, пластичен дрон со четири елиси и камера. Главната разлика на овој производ во споредба со останатите производи кои досега ги има на пазарот е во неговото користење. Тој нема команди од далечина, ниту навигации од смртфоон-дронот е поврзан со каиш на повлекување во должина од околу осум метри. FotoKite тежи само 300 грама лесен е за носење и пренесување, а единствена мана му е што има ограничена автономија од најмногу 15 минути. Засега е сеуште во фаза на проекто, но дронот за селфи веќе доби дозвола за примена на јавни места во Швајцарија и Франција, а се очекува дека наскоро ќе добие и во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


