Хеликоптери на бугарската гранична полиција почнаа да ги надлетуваат бугарско-македонската граница и дел од бугарско-грчката граница поради следење на ситуацијата со се` поголемиот прилив бегалци од Блискиот исток во Грција и Македонија, објави порталот „Скај“.
Бугарското МВР соопшти денеска дека во Бугарија во последниве 24 часа задржани се 20 лица на зелената граница и две на граничниот премин помеѓу Бугарија и Турција.
„На излезот на бугарско-српската граница задржани се 36 лица, а на граничниот премин Кардам, на границата со Романија, шест лица“, се наведува во соопштението.
Во соопштението де додава дека не се забележани обиди за илегално преминување на бугарско-македонската граница.
Бугарија на 21. август донесе одлука да распореди војска на границите со Македонија и Грција, поради алармантната состојба со мигрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


