| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка меѓу мигранти во Белград: Еден е избоден со нож и пренесен во болница

Двајца мигранти се степале во центарот на Белград, по што едниот бил избоден со нож. Во тепачката учествувале околу 20 Курди и Авганистанци од друга страна.

Портпаролот на Брза помош во Србија, Нада Мацура изјави дека маж на 24 години е пренесен во болница но и дека повредите со кои се здобил не се опасни по живот.

-Има посекотини на стомакот од нож, а во болница е пренесен во свесна состојба. Во моментот на прегледот од страна на лекарите, тие повреди не беа животно опасни, изјави Мацура.

Според полицијата која веднаш интервенирала судирот на двајцата мигранти прераснал во општа тепачка помеѓу Курди и Авганистанци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top