Граѓаните се интересираа и за водоводната мрежа за која Градот Скопје и помага на општината за проектната документација, а преку Министерството за транспорт и врски обезбедија и изградија околу 1,2 километри од водоводната мрежа. Приклучоците се изведени надвор од асфалт, улицата е санирана, а општината треба да реализира дел од градежните работи по што ќе профункционира новата мрежа.
Се договори, исто така на барање на граѓаните, преку Министерството за транспорт и врски да се разгледа можноста да и се помогне на општина Студеничани да се изгради пречистителна станица, како и да се разговара со ЕВН Македонија да се надминат проблемите со снабдување со електрична енергија.
Премиерот Груевски го посети и населеното место Студеничани при што освен средбите со граѓани, ја посети и општината и оствари средба со претседателот на Советот Кенан Имери кој го информираше за општинските проекти и средствата кои преку Владата и ИПА програмата се ставени на располагање и се користат во делот на патната инфрструктура и изградба на комунална мрежа.
Претседателот на Советот се заблагодари за средствата обезбедени од Програмата на Владата за поддршка на руралниот развој што ги доби општина Студеничани, а со кои, како што рече, ќе се финасира изградбата на три важни патни правци за Моране и Студеничани и две стратешки значајни улици со кои значително ќе се подобри поврзувањето на општината. Нагласи дека градежните работи почнуваат во октомври годинава.
Премиерот го посети и населеното место Долно Количани каде му беше посочено дека од голема важност за граѓаните е патното поврзување на општината. Градоначалникот Трајановски објасни дека најакасно до октомври ќе продолжи фазната изградба и проширување на булеварот „Борис Трајковски“ од Стаклара до Пинтија со четири коловозни ленти, како и градежните работи на булеварот „Србија“. Овие булевари, додаде, ги користат сите населени места во општина Студеничани.
Граѓаните побараа подобрување на водоводот и зголемент дотур на вода што, како што истакнаа, во повеќе наврати им било ветувано од општина Студеничани.
Премиерот Груевски истакна дека иако тоа е прашање во надлежност на локалната самоуправа градоначалникот Трајановски ќе оствари средба со градоначалникот на студеничани Азем Садики, кој во моментов е отсутен, за да ги разгледаат можните решенија на овој проблем. Тој посочи дека ќе се завземе да се направи се што е можно да се надмине овој проблем иако, како што рече, во моментов не може ништо да вети додека не навлезе во проблематиката. Премиерот ја посети и џамијата во селото Долно Количани.
Пред месец дена во ова село со инвестицја на Град Скопје е направено и спортско игралиште за потребите на населението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски