Најмалку 50 ирачки војници се убиени во две одвоени заседи на припадници на Исламска држава во провинцијата Анбар, западно од Багдад, соопштија вчера локалните власти.
Нападите се случиле западно од главниот град на провинцијата Анбар, Рамади. Други информации за нападите засега нема.
Ирачкиот министер за одбрана Калид ал Обеиди претходно беше во посета на командата на армијата во Анбар.
ИД контролира една третина од Ирак, вклучително голем дел од провинцијата Анбар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро