Денеска почнува гласањето за супербренд во Македонија за 2013/2014 година.
За супербренд ќе бидат прогласени марките што ќе освојат најмногу гласови од страна на стручно жири и од самите потрошувачи.
Оваа година се воведени две новини, за прв пат ќе се гласа за општествено одговорна компанија, а се воведува и признанието „супербренд адриатик“, што оваа меѓународна компанија ќе го додели на имињата што ќе бидат изгласани во Македонија.
– Покрај традиционалното гласање за супербренд, воведовме и категорија зелен супербренд , признание кое ќе го добијат компаниите што најмногу се грижеле за животната средина. Покрај признанието зелен супербренд, новина е и прогласувањето на „супербренд адриатик“. Ова признание имаат можност да го добијат компаниите што ќе бидат прогласени за супербренд во Македонија, но и во некоја од земјите на јадранскиот регион – вели Зоран Саздовски, претставник на „Супербрендс“ за Македонија.
Минатата година со престижното признание „супербрендс“ се закитија 43 македонски брендови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.