Во вториот натпревар на женскиот ракометен турнир во Букурешт, „Трофеј Букурешт“ во организација на шампиониот на Романија екипата на ЦСМ Букурешт, македонскиот шампион ЖРК Вардар го доживеа наголемиот пораз во досегашниот дел од подготовките за новата сезона.
Ибраничките на Индира Кастратовиќ го одиграа можеби најслабото полувреме во мечот кој знаече и пласман во финалето, но домаќинките ЦСМ Букурешт знаеја како да одиграат против третиот тим во Европа и да дојдат до заслужена победа од 33-25.
Само во првите 10 минути „црвено-црните“ беа достоен противник за во продолжението од мечот да му дозволат на противникот да дојде и до високи 10 гола разлика. Романките во ниту еден момент да не им дозволат на ракометарките на Вардар посериозно да се приближат.
Во составот на ЖРК Вардар Лекиќ и Сокач беа најефикасни со по шест голови, додека Черноиваненко и Грбиќ постигнаа по 3 погодоци.
Утре вардарки го играат мечот за третото место против екипата на Ростов, а започнува во 14.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



