| четврток, 6 декември 2018 |

Седумка на Лазаров за победа на Барселона

kire lazarovНајдобриот македонски ракометар Кире Лазаров постигна седум гола и беше најефикасен во составот на европскиот шампион Барселона на првиот официјален натпревар во новата сезона. Тој постигна пет гола од игра и два од седумметри во супериорната победа на Барселона со 42:16 против Сант Кугат, во полуфиналето од Суперкупот на Каталонија.

Тренерот Чави Пасквал во првиот меч од новата сезона стартуваше во полна сила. Барселона уште на стартот поведе со 8:0 и за десет минути го исфрли противникот од колосек. Деби во дресот на каталонскиот тим имаа двете нови засилувања, хрватскиот бек Марко Копљар и полскиот пикер Камил Сипжак. Новиот член на Барселона, Филип Јиха, не настапи на синоќешниот меч поради повредата од која се уште се опоравува.

На 28. август Барселона ќе игра против Гранољерс во финалето на каталонскиот Супер куп, за првата титула во новата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top