Во врска со компликации амбиент во соседните држави и бегалската бран, бугарското Министерство за одбрана ќе предложи конкретни мерки, за да може заедно со МВР да обезбеди државната граница, пренесе бугарската агенција БГНЕС соопштение од министерството.
-Копнени сили ќе ги обноват своите планови, за да одржат заеднички активности со Граничната полиција за зајакнување обезбедувањето на границата. Меѓу двете институции течат разговори за разјаснување на конкретните задачи- се додава во соопштението.
БГНЕС потсетува дека во последните денови драстично се зголемил бројот на бегалците на Балканот, како и дека во последните два месеци во Република Македонија влегле околу 44 000 луѓе. Сите тие доаѓаат организирано од соседна Грција со автобуси до границата со Македонија, нагласува БГНЕС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини