| четврток, 6 декември 2018 |

Бреговиќ осуден за плагијат: Плати еден милион евра за песната поради која се скара со Кустурица (видео)

Францускиот суд го прогласи Горан Бреговиќ (65) за виновен за плагијат на песна, и одредено е дека на Енрике Масијас (76) мора да му исплати еден милион евра бидејќи неговата песна ја искористил како своја во филмот „Аризона дрим“ (“Arizona Dream”) на Емир Кустурица.

Брега ја платил казната и со тоа стана првиот музичар од овие простори што платил толку голема отштета за плагијат на песна.

Приказната ја потврди и самиот Кустурица, кој поради тој случај, наводно, го прекина долгогодишното пријателство со Бреговиќ.

– Брега е еден обичен крадец, вешт крадец. Јас станав свесен за тоа во оној момент кога ми се јави Иги Поп и ми рече каков е тој начин да учествува во музика што веќе постои, која се потпишува како авторска, а украдена е. Еве Енрико Мацијас тужеше – рече Кустурица своевремено во една емисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top