| четврток, 6 декември 2018 |

Арктикот се топи, на Антартикот се шири мразот

Арктичкиот поларен круг, најверојатно, во следните неколку децении нагло ќе озелени, додека ледените плочи на Антарктикот ќе се шират, како последица од глобалното загревање, се вели во две одвоени научни студии.

На арктичкиот поларен круг сѐ повеќе ќе се појавуваат трева, грмушки и дрва, потиснувајќи го мразот поради глобалното загревање, се вели во студија објавена во „Нејчер климат чејнџ“.

arktika

Областите со шума на Арктикот може да се прошират дури до 52 проценти до 2050 година, додека „линијата на дрвјата“, максимална до која може да растат дрвја – може да се прошири на уште стотина километри на север, се вели во компјутерска симулација направена врз основа на студијата.

– Таквото ширење на арктичката вегетација може да има големо влијание врз затоплувањето и врз глобалниот екосистем – вели Ричард Пирсон од американскиот Центар за историја и природа.

Независна студија на холандски научници покажува дека над Антарктикот се шират ледените плочи. Водата која минува низ Антарктикот создава заштитен „капак“ за ледените плочи бидејќи е слатка за разлика од морската, која е погуста, објави холандскиот Кралски метеоролошки институт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top