| четврток, 6 декември 2018 |

Возач загина во сообраќајка на магистралниот пат Охрид – Кичево

поли

Четириесет и тригодишен возач загина во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Охрид – Кичево на спојката со локалниот пат за село Годивје.

Полицијата денеска информира дека несреќата се случила вчера околу 17 часот кога 43-годишниот Лазо Н. загубил контрола над возилото „застава 101“ и преминал од левата страна на коловозот. Притоа, со предниот дел од автомобилот удрил во бетонски ѕид од шахта за атмосферска вода која била во изградба.

Екипата на брза помош констатирала смрт, а по овластување на јавен обвинител, полициски екипи од СВР Охрид извршиле увид на местото на несреќата. По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатиот и вештачење врз патничкото моторно возило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top