По вторпат за неколку дена, во јавноста се објавени фотографии од германската канцеларка Ангела Меркел на кои е гола или делумно гола.
Откако пред неколку дена беа објавени фотографии од нејзината младост на кои Меркел позира како од мајка родена, денеска се објавени фотографии од 58-годишната канцеларка во костим за капење.
Меркел за велигденските празници се одмора на италијанскиот остров Искија, познат по термалните води, во близина на Неапол, каде што заедно со сопругот Јоаким Сауер летуваат веќе десет години.
Таа го привлекла вниманието на фотографите, кои ја фатиле додека плива во базен во хотелот Мирамар. Дали канцеларката го задржала сексапилот проценете сами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.