| четврток, 6 декември 2018 |

Најавен нов закон за нотари

bedzeti

Во државниот буџет во 2012 година се внесени 2.239.184 евра од нотарските услуги за кои се наплатени судски такси, а во текот на изминатата година нотарите во Македонија составиле во форма на нотарски акти или потврдиле 103.574 исправи на 1.210.843 баратели на услуги, беше истакнато на редовното собрание на нотарите, кое се одржува 15. година по ред.

Министерот за правда, Блерим Беџети истакна дека за 15 години, од млада професија, нотаријатот израснува во респектирана јавна служба. Тој најави дека во подготовка е донесување нов закон за нотаријатот, кој треба да го замени постојниот од 2007 година, а во кој ќе бидат вградени многубројните јавни овластувања, кои им се дадени на нотарите.
Претседателката на Нотарската комора, Зорица Пулејкова, истакна дека нотарската работа позитивно се одразува на целата работа и ефикасност на правниот систем како што е примерот, рече, со пренесувањето на неспорните судски предмети во надлежност на нотарите со што се овозможило, меѓу другото, и растоварување на судовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top