| четврток, 6 декември 2018 |

Новата мака на Турција со Курдите

Бом­ба­шки­от на­пад во Су­руч на 20 ју­ли, ко­га беа уби­е­ни пре­ку 30 ци­ви­ли, бе­ше пос­лед­на­та кап­ка што ја пре­леа ча­ша­та за си­те вме­ша­ни стра­ни

Ин­тен­зив­ни­те на­па­ди на тур­ски­те во­е­ни ави­о­ни про­тив курд­ски­те це­ли во пла­ни­на­та Ќан­дил од ми­на­та­та не­де­ла, го за­вр­ши­ја две­го­диш­ни­от пре­кин на ог­нот ме­ѓу тур­ска­та вла­да и Кур­ди­стан­ска­та ра­бот­нич­ка пар­ти­ја (ПКК). Пре­ки­нот на ог­нот бе­ше во­ве­ден ка­ко по­чет­на точ­ка за ми­ров­ни­от про­цес ме­ѓу две­те стра­ни, по три де­це­нии кр­во­про­ле­ва­ње.

На­па­ди­те на Тур­ци­ја врз Кур­ди­те не се из­не­на­ду­вач­ки. И по­крај кре­вки­от пре­кин на оган, две­те стра­ни не си ве­ру­ваа це­лос­но ед­на на дру­га. Во те­кот на из­ми­на­ти­те две го­ди­ни има­ло по­вре­ме­ни пре­стрел­ки. Но, се­га е раз­лич­но тоа што воз­душ­ни­те на­па­ди се од­ви­ва­ат исто­вре­ме­но со на­па­ди­те на Тур­ци­ја врз по­зи­ци­и­те на Ис­лам­ска­та др­жа­ва (ИД) во Си­ри­ја. Тоа бе­ше прв­пат Ан­ка­ра да се вклу­чи во ди­рект­на бор­ба со те­ро­ри­стич­ка­та ор­га­ни­за­ци­ја отка­ко ко­а­ли­ци­ја­та пред­во­де­на од САД, чи­ја член­ка е и Тур­ци­ја, ја за­поч­на сво­ја­та кам­па­ња во ју­ни 2014 го­ди­на.

Ан­ка­ра ве­ли де­ка неј­зи­на­та цел е да се бо­ри про­тив те­ро­риз­мот во странс­тво и до­ма – со на­па­ѓа­ње на ПКК и ИД. Но, курд­ски­те гру­пи го об­ви­ни­ја тур­ски­от пре­тсе­да­тел Ре­џеп Та­ип Ер­до­ган и не­го­ва­та вла­де­јач­ка Пар­ти­ја за прав­да и раз­вој (АКП) за ко­ри­сте­ње на за­ка­на­та од ИД ка­ко из­го­вор да го са­бо­ти­ра­ат ми­ров­ни­от про­цес и да ги спре­чат си­ри­ски­те Кур­ди да ја прод­ла­бо­чат нив­на­та авто­но­ми­ја.

Нив­ни­от ар­гу­мент е де­ка ИД по­стои по­ве­ќе од ед­на го­ди­на, а Ан­ка­ра не пре­зе­ла ни­што. Кур­ди­те ду­ри и ја об­ви­ну­ва­ат вла­да­та де­ка ѝ доз­во­ли­ла на ИД да се про­ши­ри во Тур­ци­ја и над­вор од неа.

Бом­ба­шки­от на­пад во Су­руч на 20 ју­ли, ко­га беа уби­е­ни пре­ку 30 ци­ви­ли, бе­ше пос­лед­на­та кап­ка што ја пре­леа ча­ша­та за си­те вме­ша­ни стра­ни.

До­де­ка се­то сом­не­ва­ње бе­ше на­со­че­но кон ИД, Кур­ди­те ја об­ви­ни­ја вла­да­та де­ка ѝ по­ма­га­ат на гру­па­та во вр­ше­ње­то на са­мо­у­бис­тве­ни­от на­пад. Ка­ко ре­зул­тат на тоа, ПКК ја пре­зе­де од­го­вор­но­ста за убис­тво­то на двај­ца тур­ски по­ли­цај­ци во курд­ски­от ју­го­и­сто­чен дел. Воз­душ­ни­те на­па­ди про­тив ба­зи­те на ПКК во пла­ни­на­та Ќан­дил во ирач­ки Кур­ди­стан, беа брз од­го­вор на тур­ска­та вој­ска.

svet154-turkey-kurds-005

Тур­ска­та вла­да не е за­до­вол­на со на­пре­до­кот на Кур­ди­те во јуж­ни­от дел од нив­ни­те гра­ни­ци. Си­ри­ско-курд­ски­те си­ли го кон­тро­ли­ра­ат по­го­ле­ми­от дел од гра­ни­цата со Тур­ци­ја долга речиси 1.000 километри. Курд­ска­та гру­па што се бо­ри про­тив ИД во Си­ри­ја се на­ре­ку­ва Еди­ни­ца за за­шти­та на курд­ски­от на­род (ЈПГ) и е во те­сен со­јуз со ПКК. Тур­ци­ја сме­та де­ка две­те гру­пи се те­ро­ри­стич­ки ор­га­ни­за­ции.

Се чи­ни де­ка не­о­дам­неш­ни­те воз­душ­ни на­па­ди на Тур­ци­ја врз ИД во Си­ри­ја се преч­ка за си­ри­ски­те Кур­ди. Тур­ци­те вр­шат при­ти­сок да се соз­да­де без­бед­на зо­на во се­вер­ни­от дел на Си­ри­ја. Си­ри­ски­те Кур­ди чув­ству­ва­ат де­ка на­ме­ра­та на Тур­ци­ја при та­кви­от по­тег е да ги спре­чи во соз­да­ва­ње­то на со­се­ден авто­но­мен ре­ги­он во се­вер­на Си­ри­ја. Кур­ди­те, исто та­ка, ве­ру­ва­ат де­ка Тур­ци­ја не е се­ри­оз­на во вр­ска со бор­ба­та про­тив ми­ли­тан­ти на ИД во Си­ри­ја и де­ка воз­душ­ни­те на­па­ди про­тив гру­па­та се са­мо за око­то на јав­но­ста.

Тоа што најм­но­гу ја воз­не­ми­ру­ва Тур­ци­ја е но­во­вос­по­ста­ве­ни­от од­нос ме­ѓу Ва­шин­гтон и курд­ски­те си­ли во Си­ри­ја, кои се по­ка­жаа ка­ко ед­ни од нај­е­фи­кас­ни­те бор­бе­ни си­ли на те­ре­нот во пог­лед на вој­на­та про­тив ИД. Ко­а­ли­ци­ја­та пред­во­де­на од САД ѝ обез­бе­ди воз­душ­на под­др­шка на ЈПГ на раз­лич­ни фрон­то­ви. Ка­ко ре­зул­тат на тоа, стра­те­шки­те гра­до­ви ка­ко што се Ко­ба­ни и Тел Аб­јад се ос­ло­бо­де­ни од те­ро­ри­сти­те на ИД.

Тоа им овоз­мо­жи на Кур­ди­те да ја зац­вр­стат кон­тро­ла­та на сво­и­те те­ри­то­рии и да го прод­ла­бо­чат сво­е­то са­мо­у­пра­ву­ва­ње во Си­ри­ја.

Ед­на ра­бо­та што Тур­ци­ја сè уште тре­ба да ја над­ми­не е фо­би­ја­та од Кур­ди­те. Иде­ја­та де­ка Кур­ди­те ста­ну­ва­ат сѐ по­ве­ќе ре­ле­вант­ни во ре­ги­о­нал­на­та сце­на ја преп­ла­ши Тур­ци­ја. Но, тој страв е не­о­прав­дан. Се­ка­ко, по­до­бро е за Ан­ка­ра да има курд­ска си­ла што ќе ја обез­бе­ду­ва неј­зи­на­та јуж­на гра­ни­ца со Си­ри­ја, откол­ку ек­стре­ми­стич­ка ми­ли­тант­на гру­па ка­ко Ис­лам­ска­та др­жа­ва ко­ја не поз­на­ва гра­ни­ци.

Ако Тур­ци­ја на­ви­сти­на са­ка да склу­чи мир со Кур­ди­те, то­гаш Ан­ка­ра мо­ра да има се­оп­фа­тен при­стап и кон Кур­ди­те на Бли­ски­от Исток, а не са­мо кон сво­ја­та курд­ска за­ед­ни­ца. Осо­бе­но со Кур­ди­те во Си­ри­ја кои има­ат сил­ни кул­тур­ни вр­ски со сво­и­те бра­ќа во Тур­ци­ја, би­деј­ќи се­ко­ја про­ме­на вед­наш ќе вли­јае врз нив.

Уло­га­та на Кур­ди­те на Бли­ски­от Исток рас­те и ќе про­дол­жи да рас­те. Тур­ци­ја мо­ра да го приз­нае тоа.

Не­ги­ра­ње­то не­ма да ѝ до­не­се на Тур­ци­ја ни­што освен на­силс­тво и не­ста­бил­ност.

За да има по­го­ле­ма уло­га во се­ко­гаш про­мен­ли­ви­от ре­ги­он, Ан­ка­ра тре­ба да се по­ми­ри со Кур­ди­те. Сѐ по­мал­ку од тоа, ло­шо ќе за­вр­ши за тур­ски­те ин­те­ре­си на Бли­ски­от Исток.

 

Из­вор: „Џе­ру­са­лем пост“
Пре­вод: Ана Цве­та­но­ска

 

(Текст објавен во 154. број на неделникот Република, 14.08.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top