Познатиот актер Сергеј Трифуновиќ, гостувајќи во реалното шоу „Големиот брат“ ги повика сите да соберат пари за трансплатација на срце на осумгодишно девојче. Иако прво одбил да гостува во шоуто сметајќи го за шунд, тој се појави во студиото со картон на кој пишуваше Тијана Огненовиќ. Тоа е девојчето на кое му треба помош, а под името стоеше и жиро-сметката на која граѓаните можат да уплатат пари за операцијата, која чини еден милион долари.
– Јас само накратко и си одам. Пред неколку месеци умре една девојка на која ѝ требаа пари за операција. Девојчето имаше многу малку години… И не успејаа да соберат пари. Една година подоцна државата одвои еден милион долари за откуп на Миладин Ковачевиќ – рече Трифуновиќ и продолжи:
– Сите вие што ги трошите своите пораки да гласате за да го исфрлите овој или тој од куќата, направете добро дело. Пред, да речеме еден месец, Хрватите собраа еден милион долари за операција на едно свое девојче. Претпоставувам дека вие сте големи Срби, имате кирилична тастатура, па покажете дека сте поголеми Срби од Хрватите.
Своето гостување во емисијата го заврши со зборовите:
– Мислам дека тоа е многу покорисно отколку да ја гледате Станија како молзе кози или да гледате кој мастурбирал. Јас ве повикувам да го исфрлите Сергеј Трифуновиќ од куќата. Но, не трошете пари, тој сам ќе си замине.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.