Австралискиот федерален пратеник од Викторија, Тим Ватс ја повика владата во Канбера да го следи примерот на САД, Обединето Кралство и Канада за признавање на уставното име на Република Македонија.
Ватс во допис до Агенцијата за иселеништво на Македонија, вели дека САД, Обединето Кралство и Канада одамна направија разумни чекори со користење на „преферираното име на Македонците, во билатералната соработка“.
– Австралија е место кое се темели на хармонично општество, со покажување почит и толеранција кон другите. Треба да ја покажеме истата почит и кон Македонците, истакнува Ватс.
Тој очекува, активната Парламентарна група за соработка меѓу двете земји, како и многуте македонски организации во Австралија да го продолжат овој позитивен тренд, сменувајќи ја перцепцијата на Австралија за Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


