| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен уредник на МТВ бил кодош

Покрај него, уште две лица се посочени за соработници на тајната служба

Поранешниот уредник во МТВ, директор на Институтот за фолклор, лектор во Риека и актуелен научен соработник и професор на Институтот за литература, бил соработник на безбедносните служби – заклучија лустраторите.  Според Предраг Димитровски, портпарол на Комисијата, лустрираниот бил ангажиран како десничар за да информира за високите литературни и писателски кругови.

-Посочениот бил евидентиран како оперативна врска од 1976 година. Како активен соработник го носел псевдонимот „Гогољ“. Бил дерегистриран во 1994-95 година – изјави Димитровски.

Покрај него, уште две лица се посочени за соработници на тајната служба. Според Комисијата едното е актуелен член на Управниот одбор на Клиничката болница во Битола, кое било соработник за време на студиите во Бугарија. Под псевдонимот „Виктор“, доставувал информации за нашите студенти и другите наши државјани во оваа соседна земја. Третолустрираниот е пензионер, поранешен помошник министер за надворешни работи. За време на студиите во Германија, под псевдонимот „Економист“ информирал за македонската емиграција.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top