Вкупно 25 пратеници на владејачката СИРИЗА денеска решија да станат независни и формираа нова парламентарна група Популарно единство, чијшто лидер е Панајотис Лафазанис.
Новата парламентарна група има повеќе членови од третата избрана партија во Парламентот, Златна зора, и според Уставот, ќе го добие третиот мандат да формира влада.
Според Уставот на Грција, ако една влада поднесе оставка во рок од една година од последните избори, претседателот на земјата треба да врачи прелиминарен мандат на лидери на опозицијата, кои ќе се обидат да формираат влада, почнувајќи од најголемата партија. Мандатот трае три дена и ако напорите не успеат, мандатот и се доделува на втората по големина опозициска партија, а потоа на третата. Ако сите овие обиди да се формира нова влада пропаднат, тогаш претседателот закажува избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



