| четврток, 6 декември 2018 |

Лекиќ од пенал им донесе на вардарки победа на првиот натпревар во Букурешт

Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција ЖРК Вардар е на подготовки во Букурешт каде учествува турнирот “Трофеј Букурешт“. Во првото коло избраничките на Индира Касстратовиќ се сретнаа со романската екипа Корона Брашов и славеа минимална победа од 27-26. Победата на вардарки им ја донесе Андреа Лекиќ со погодокот од пенал на 40 секунди пред крај на мечот.

Романките беа во водство во текот на целиот натпревар благодарејќи на фантастичниот голман Мирчеа која правеше чуда на голот и бранеше се и сешто. На полувреме беше 14-10, а веќе по шест минути игра имаа и 18-11.
Сепак борбениот дух кој го краси црвено-црниот“ состав, не дозволи изненадување и висок пораз и со стрплива игра од минута во минута успеа да дојде до победата во последната минута.
Најзаслужна за пресвртот на вардарки во вториот дел беше Амандин Лејно со 11 одбрани на голот на ЖРК Вардар. Нападот на македонскиот првак го предводеше Андреа Лекиќ со седум погодоци.

Утре вардарки се слободни, а в сабота од 18 часот ќе играат со романскиот шампион ЦСМ Букурешт. Со евентуална победа ќе се пласираат во финалето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top