| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички подобро игра со 10 играчи, повторно постигна гол за 1-1

Уште едно одлично издание на единствениот македонски преставник во фудбалска Европа, Работнички во последното квалификациско коло за групната фаза од Лига на Европа. Денеска на арената „Филип Втори“ во Скопје „романтичарите“ ремизираа со Рубин Казан 1-1.
Екипата од „дебар-маало“ не се откажа од борбата за поволен резултат и откако беше исклучен Милован Петровиќ поради два жолти картони, ниту пак кога го прими голот за 0-1. Херојски се бореа до последниот свиреж на судијата Иштван Вад од Унгарија.
Најдобриот играч во рускиот тим турскиот ветеран Чокдениз Карадениз во 69.минута донесе водство за рускиот клуб, но Кире Ристевски во 85.минута го израмни резултатот.
Тренерот Игор Ангеловски имаше проблеми при составувањето на првите 11 играчи бидејќи недостасуваакапитенот Баже Илијоски и репрезентативецот Душко Трајчевски поради суспензија, а на повреда се пожалија Суад Сахити и Иван Митров. Сепак тоа не го поколеба и повторно постави офанзивна тактика со Анене во самиот шпиц и Алтипармаковски и Маркоски по крилните позиции.

Rabotnicki (2) (Custom)

Работнички имаше повеќе од играта во целиот натпревар, ја контролираше средината на теренот и можеме слободно да кажеме дека немаше да биде незаслужено и ако победеше. Младите играчи покажаа зрела игра и во ниту еден момент не се исплашија од големиот руски противник.
Со ваква борбена игра и со повратниците во тимот за следниот натпревар, Работнички повторно може да одигра добар меч нагости како против Трабзон и да се надева на изненадување и голем успех за македонскиот фудбал, пласман во групната фаза од Лига на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top