Најдобриот тенисер на светот, и моментно третиот светски рекет, Роџер Федерер на прес-конференција во Синсинати пред почетокот на турнирот изјави дека би сакал повторно да се сретне со неговиот најголем ривал во кариерата, Рафаел Надал.
Ждрепката сакаше тие двајца тенисери да бидат можни противници во четвртифиналето на мастерс-турнирот и по тој повод популарниот Федекс изјави дека се радува на тој меч бидејќи секогаш уживал кога играл против Рафа.
– Секако, би било одлично повторно да се сретнам со Рафа. Тие натпревари се вистински спектакл – изјави накратко Федерер.
Швајцарецот и Шпанецот последен пат се сретнаа пред повеќе од една ипол година, кога беа ривали во полуфиналето на Австралијан опен, а тоаш славеше Рафа во три сета.
Тие двајца одлично го започнаа турнирот со максимални победи, Федерер беше поуспешен од Роберт Батист-Ахута, а Надал на стартот го совлада Жереми Шарди.
Во меѓусебни пресметки води Рафаел Надал со 23-10.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.