Стотици илјади имигранти пристигнуваат на унгарската граница, изјави денеска во Будимпешта шефот на државата Јанош Адер.
– Кој би претпоставил пред 10 години дека ќе има толку голема преселба и дека стотици илјади еимигранти ќе пристигнат на унгарската граница – истакна Адер.
Унгарија претставува влез за емигрантите во ЕУ, кои се движат по балканската маршрута од Блискиот Исток преку Турција, Грција, Македонија и Србија. Во земјата се регистрирани 86.000 илегални мигранти во првите седум месеци од годинава.
И покрај тоа што Унгарија е само транзитна земја за бегалците, премиерот Виктор Орбан почна силна кампања против миграцијата, вклучувајќи и подигнување ограда по границата со Србија.
Следниот месец се очекува унгарскиот Парламенмт да усвои закон, со кој ќе се воведат построги мерки, меѓу кои четири години затвор за лица кои незаконски ќе ја поминат границата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Тензии на граница, мигранти од БиХ насилно се обиделе да влезат во Хрватска
-
Гори на граница меѓу две земји во Европа
-
Со српски пасош на влез во Грција пополнувал формулар оти е роден во Македонија?!