Околу 1.000 деца од девет основни училишта во општина Карпош ќе учествуваат на годишениот маскенбал што ќе се одржи претпладнето во „Скопје сити мол“.
Маскенбалот организиран по повод 1 април, Денот на шегата, почнува во 11 часот, а во програмата е предвидено детска парада на маски, дружење со кловнови и жонглери, цртање лица, креирање маски и други интересни содржини за најмладите. Најдобрите маски ќе бидат наградени со таблет компјутер, дигитален апарат и 20 влезници за кинопретстава.
Маскенбалот е во организација на одделението за образование во општина Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.