На параолимпиецот и автор Џош Санквуист му бил дијагностициран рак на деветгодишна возраст, со шанси да преживее 50-50. Тој ја загуби левата нога и покрај успешната хемотерапија. Го победи ракот 4 години подоцна.
Денес 31-годишниот Санквуист меѓу другото е и мотивационен оратор, кој стана познат на социјалните медиуми по неговите креативни костими за Ноќта на вештерките во кои го користи неговиот недостаток на најсмешниот можен начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








