| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска стартува проектот за утврдување на староста на Охридското Езеро

фото: Охрид њуз

Универзитетот во Келн, Германија, со поддршка на Хидробиолошкиот завод од Охрид, денеска треба да почне со реализација на големиот научен проект за утврдување на староста на Охридското Езеро, климатските промени и настанувањето на живиот свет во него,пишува порталот Охрид њуз.

Дупчењето ќе биде вршено на 5 точки на езероското дно кои се избрани врз основа на сизмичките, седиментолошките и тектонските испитувања извшени во периодот од 2004-2011 година.

Проектните активности се планирани да траат 60-на дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top