| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски во посета на реканско-дебарскиот крај

грујо

Премиерот Никола Груевски денеска ќе оствари посета на реканско – дебарскиот крај.

За време на посетата Груевски ќе присуствува на почнување на градежните активности за реконструкција на патот А4, Ново Село-Маврово, ќе изврши увид на градежните работи на локалниот пат кон населеното место Скудриње и на реконструираниот мелнички мост во општина Дебар, а ќе ја посети и фабриката „Еуро Едил Холдинг“ во Скудриње.

При посетата на овој регион премиерот Груевски ќе оствари посети и средби со граѓани во населените места Жировница, Ростуше, Скудриње, Долно Косоврасти, Новак, Центар Жупа и во Дебар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top