Поранешниот Формула 1 шампион Кими Раиконен и возач на Ферари ќе остане во тимот и следната сезона. Одлуката на италијанскиот тим е донесена и тие сакаат да го задржат истиот возачки тандем и за следната година, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.
И покрај најавите дека Ферари ќе се откаже од Раиконен поради слабата форма оваа сезона и дека бараат друго решение за идната, сепак на крај е донесена одлука за продолжување на соработката.
Од Ферари соопштија дека е обновен договорот со Кими Раиконен и за наредната сезона. Задоволен од новиот договор, Финецот изјави дека планира кариерата да ја заврши во Ферари.
– Овде сакам да ја завршам кариерата. Посветен сум на тимот и на болидот повеќе од кога било – изјави Раиконен.
Финскиот возач моментно е на петтото место во Ф1 шампионатот со 76 бода, зад Ботас (77) и водечкото трио во кое се Фетел (160), Нико Розберг (181) и Луис Хамилтон (202).
Следната трка во Формула 1 ќе се вози на 23 август, за ГН на Белгија на патеката „Спа“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.