Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат по објавувањето на податоците за ново зголемување на американските нафтени резерви.
Американската лесна сурова нафта се тргуваше на ниво од нешто над 40 долари за барел, а сортата брент – под 47 долари за барел.
Во средата за време на тргување во Њујорк фјучерси на американската лесна сурова нафта за испорака во септември паднаа за 4,3 отсто до 40.80 долари за барел – нивоа невидени од избувнувањето на финансиската криза пред повеќе од шест години.
Фјучерси на сортата Брент, која се смета за глобален репер за пазарите, падна до под 47 долари за барел.
-Светскиот пазар е натопен обилно со нафта и последните податоци од Американската енергетска агенција (EIA) покажуваат дека резервите на сурова нафта на САД неочекувано се зголемија до 2,5 милиони барели во последната недела, завршена на 14 август – коментира аналитичарот пред „Маркет воч“.
Аналитичари предвидуваа пад на американските резерви до 1,2 милиони барели, додека на други очекувањата беа за пад до 2,3 милиони барели.
Извештајот на ЕИА, исто така, покажа дека општото нафтено производство на САД е намалено за 47 000 барели до 9.35 милиони барели на ден.
Робин Бибер, директор и технички аналитичар во ПМВ Оил асосиатес во Лондон, смета дека американската сурова нафта се оддалечила значително од цената на брент, а тоа делумно се должи на низа затворање на нафтено-преработувачки фабрики кои ја подигнаа побарувачката во САД.
Пред неколку дена најголемата рафинерија на„Бритиш петролеум“ (BP) во Вајтинг, Индијана, која произведува 413.500 барели на ден, го намали капацитетот со 2/3 заради истекување, чија поправка ќе трае најмалку еден месец.
-Прекинот на работата на BP во рафинеријата во Индијана е доволна причина за да останат американските резерви на нафта на повисоко ниво во период од три недели – вели Ричард Хестингс, стратег во Глобал хантер секјуритес. Ова ќе ги зголеми нафтените резерви во Кушинг, Оклахома – главното складиште за нафта во САД.
-Најниската цена од пред шест години може да се покажат недоволна за да ги притисне сопирачките на американскиот производствен раст – се вели во извештајот на АНЗ.
-Американските играчи со шкрилциво моментов активно ги намалуваат трошоците, а некои ќе профитираат дури по цена од 30 долари за барел – тврдат експертите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.