| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарската политика кон азилантите поуспешна од европската

швајцарија

Политиката кон азилантите од страна на официјален Берн е поуспешна отколку таа на ЕУ, изјави Леа Вертхајмер, портпарол на швајцарската државна секретарка за интеграција Симонете Сомаруге.

– Нашиот удел во приемот на бегалци се намалува во споредба со ЕУ – истакна Вертхајмер, нагласувајќи дека од 2012 година во Швајцарија се намалува бројот на баратели азил, додека истовремено се зголемува во соседните Австрија и Германија.

Таа тврди дека експерти од државниот секретаријат во Берн ги анализираат причините за ова намалување. Стратегијата на третманот кон азилантите се сменила.

– За државјаните од земји што важат за безбедни држави воведовме забрзана постапка. За само 48 часа сè е решено – ја објаснува Вертхајмер новата стратегија.

Покрај тоа Швајцарија на барателите азил и во забрзаната постапка им овозможува бесплатни правни совети, преку кои бегалците се информираат коректно околу шансите за добивање азил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top