| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата застрела Афроамериканец, нови протести во САД

Misuri-ubistvoАмерикански полицаец застрела уште еден црномурен малолетник при рацијата во Сент Луис во Мисури, САД. Група луѓе се собрала на местото на инцидентот, а дел од демонстрантите скандирале „Животот на црнците вреди“, парола позната за време на протестите заради убиството на Мајкл Браун во соседниот Фергусон.

Началникот на полицијата, Сем Дотсон посочил дека од групата врз полицијата било фрлано со шишиња и со тули, поради што е употребен и солзавец. Уапсени биле деветмина од демонстрантите.

Дотсон за инцидентот објаснил дека за време на полициски претрес на една зграда , двајца Афроамериканци истрчале од објектот, а еден од ни се завртел со оружје вперено кон полицијата. Полицијата тогаш пукала кон него.

Идентификуваниот 18-годишен Мансур Бал-Беј починал, додека другото лице избегало.

Убиството се случува во време кога активисти ја одбележуваат годишнината од убиството на Каџим Пауел, црномурен маж, кого што полицијата го уби додека им приоѓал со нож.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top