Најголемата американска приватна компанија за проверка на кандидатите за работа во државните институции – „УС инвестигејшн сервисис“, на американските власти ќе им исплати отштета од 30 милиони долари по тужбата за неквалитетна работа, пренесе ТАСС.
Министерството за правда во средата ја информира јавноста дека од минатата година ја суди фирмата бидејќи „УС инвестигејшн сервисис“ недоволно внимателно ги проучила биографиите и другите податоци на лицата што барале работа во државните институции во периодот од март 2008 до септември 2012 година.
Компанијата, која работи според договор со Владата на САД, од 1996 година земала просечно по 2.500 долари за проучување на секој кандидат за државна работа. Според министерството, фирмата, меѓутоа, користела компјутерска програма што само имитирала квалитетни проверки.
„УС инвестигејшн сервисис“ стана позната бидејќи го проучила и досието на Едвард Сноуден, пред тој да почне со работа во ЦИА, а, исто така, и резервистот од американските военопоморски сили, Арон Алексис, кој во 2013 година уби 13 лица во американската воена база Нејви Јард во Вашингтон, нагласи ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претепување на трудници, силување на мажи и убивање на затвореници: Сноуден ја разоткри новата шефица на ЦИА
-
Бремените и хронично болните денеска и утре да не одат на работа
-
AT&T е шпиунски центар- посочува Сноуден
-
Македонија со осма препорака, но и втора условена: Хан денес ќе ги објави извештаите за напредокот