| четврток, 6 декември 2018 |

Арбитражниот суд ќе именува судии во спорот меѓу Хрватска и Словенија

спор

Постојаниот Арбитражен суд во Хаг соопшти дека самиот ќе именува хрватски и словенечки судија и потоа ќе го проучи хрватското откажување од арбитражниот договор, пренесе Хина.

Судот на ова се одлучи откако двете земји во дадениот рок не предложија замени за хрватскиот и словенечкиот арбитер Будислав Вукас и Рони Абрахам, кои си поднесоа оставки.

Хрватското Министерство за надворешни работи и европски прашања не сака да ги коментира најавите на судот од Хаг и потестува дека арбитражната постапка е неповратно компромитирана со постапките на словенечката страна.

Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека за Словенија е битно арбитражниот суд да ја продолжи работата за решавање на граничниот спор со Хрватска и постапката да ја заврши со конечна пресуда

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top