| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирани три нови драми од Горан Стефановски

Во рамки на „Охридско лето“ беше промовирано најновото издание „Собрани драми, книга четврта“ од еден од најеминентните македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски.

Најновата збирка во издание на „Табернакул“ од едицијата „Темелници“ каде Стефановски веќе придонесува со три изданија, во себе содржи три нови драми, „Одисеј“, „Огнени јазици“ и „Figurae veneris historiae“.

На промоцијата која се одржа во Охрид, во Куќата на Уранија, покрај авторот и издавачот, како промотор се појави Катица Ќулавкова, а особено интересен белег на промоцијата беше изведбата на извадоци од сцени од драмите на Никола Ристановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top