| четврток, 6 декември 2018 |

Брод со 2.600 сириски мигранти место за Солун оди кон Пирејa

migranti grcija

Патнички брод со околу 2.600 бегалци собрани од неколку грчки острови, кои вчера утро тргнале за Солун е пренасочен кон пристаништето во Пирејa, кај Атина. Според грчката агенција АНА, властите во Солун укажале дека не можат одеднаш да примат толкав број бегалци.

Бродот  „Елефтериос Венизелос“ со бегалците би требало во Пиреја да стигне утрово, по околу 24-часовна пловидба од островот Кос.

Бродот тргнал од Кос со 1.700 сириски мигранти, а потоа на островите Калимнос, Лерос и Лезбос се качиле уште 900 бегалци.

Сиријците во Грција имаат поповолен третман од мигрантите од Авганистан и од Пакистан.

Во Грција оваа година од Турција по морски пат стигнале околу 160.000 емигранти, од кои најголем дел Сиријци, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци.

Само во јули во ЕУ пристигнале 107.500 емигранти, соопшти Фронтекс.

Грчката влада планира да ангажира уште еден патнички брод за превоз на Сиријци до копнениот дел од Грција, но Здруженето на бродски превозници предупредило дека нема слободни бродови затоа што е шпиц во туристичката сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top