| четврток, 6 декември 2018 |

Го предвиде ли Нострадамус растот на Исламска држава? ИСИС сака под своја власт да ги стави Грција, Балканот и Шпанија (видео)

Истражувачите тврдат дека францускиот пророк Нострадамус го предвиде настојувањето на исламистите да доминираат со Европа и дека токму тоа ке предизвика Трета светска војна.

За овој пророк се врзуваат точни визии за доаѓањето на Наполеон и Хитлер како две појави на Антихристи. За третата појава на Антихрист која ќе се појави 27 години пред Третата светска војна пророкот рекол дека ќе биде пострашна од првите две.

Многумина мислат дека пророкот со овие зборови го опишал растот и дивеењето на Исламската држава. Еден сајт за пророкот дава и конкретни стихови: „Ќе дојдат расипани, злобни и лоши кои ќе ја тероризираат Месопотамија. Сите ќе бидат пријатели на прељубничката, земја лоша во секој смисол“.

На веб-страната се дава и објаснување дека се работи за Ирак по инвазијата на САД и нередите кои избија потоа, и растот на Ал-Каеда и исламската држава.

Исламската држава за главна цел ја имала Месопотамија (Ирак), а нејзиното знаме е црно, метод на владеење на триранијата. Други стихови на Нострадамус според зборовите на познавачите тврдат дека војната ќе почне во Европа. Според претходните толкувања војната требаше да почне во 1999 година и да заврши до 2026..

Поради сите околности истражувачите како Антихристи ги гледаа и Садам Хусеин и осама Бин ладен. Нападот на Ал Каеда на Њујорк исто така беше предвиден од францускиот пророк: Во годината 1999, во седмиот месец од небото ке дојде кралот на теророр“.

Исламска држава наводно поседува ураниум, а тврди дека сака под своја власт да ги стави Грција, Балканот и Шпанија.

Во пророштвата наводно се споменува војна во Украина, но и дека лидерот на Исламска држава е наводен Антохрист, како и дека крстоносна војска (САД)  ќе ја окупира Месопотамија (Ирак).

Скептиците сепак велат дека барем 50 проценти од пророштвата на Нострадамус не се оствариле. Од оние 50 проценти кои се погодени, потребна е силна доза на инспирација за да се поврзат со актуелните настани. Толку многу судири има на Блискиот исток што е мошне лесно еден од нив да се „препознае“ во стиховите на францускиот пророк.

“Кралот на теророт” наводно ќе се здружи со Русија за да удрат на САД и Европа, почнувајќи наводно со нуклеарен напад на Њујорк.

Други велат дека ќе биде поразен по 27 години и дека тогаш ќе завладее мир во период од илјада години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top