| четврток, 6 декември 2018 |

(ВИДЕО) Верижен судир на 100 возила во магла однесе три животи

soobrakjajka veriznaРечиси 100 возила беа уништени одеднаш во планинската магла меѓу државите Вирџинија и Северна Каролина во САД, при што загинаа три лица, а беа повредени најмалку 25 други.

Полицијата утврдила 17 одделни несреќи кои вклучуваат 95 возила низ една милја. Несреќите почнале околу пладне кога имало тешка магла во областа. Епицентар на несреќата бил судир од осум возила, од кои некои се запалиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top