Руските власти во Калинград уништиле речиси 20 тони домати со потекло од Република Чешка, кои биле означени со македонски сертификат, јавија чешките медиуми, објави „Инфомакс“.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, уништувањето на производите било извршено откако македонските органи се дистанцирале од стоката која потоа била отфрлена како нелегален увоз.
Чешката Република за разлика од Македонија се наоѓа на листата на земји опфатени со руското ембарго за прехранбени производи, декларирано како противмерка за воведените санкции од ЕУ и САД кон Руската Федерација поради случувањата во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.