| четврток, 6 декември 2018 |

„Само“ четири меча суспензија за вулгарниот Пике

zerard pike

Дисциплинската комисија при Шпанската фудбалска федерација го казни вулгарниот Жерар Пике со суспензија од четири натпревари поради црвениот картон заработен во реванширачкиот дуел од Супер-купот на Шпанија против Атлетик Билбао.

На играчот на Барселона му се закануваше и најголемата казна од 12 натпревари поради пцовките кои ги упати кон помошникот на судијата, но „дисциплинците“ беа благи и ја донесеа најмалата казна за ваков тип престап.

Оваа казна значи дека Пике ќе ги пропушти натпреварите против Атлетик Билбао, Малага, Атлетико Мадрид и Леванте, а неговиот камбек во шпанското првенство ќе го има на дуелот со Селта, закажан за 23 септември. За очекување е, во отсуство на Пике, шанса во првиот тим да добие Томас Вермален, кој целата ланска сезона не играше поради повреда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top