Групи eмигранти од различни националности вчера се степаа на островот Лезбос, каде што чекаат идентификација од грчките власти за после да можат да бидат префрлени во прифатните центри, од каде што заминуваат со брод кон Атина.
Државната новинска агенција АНА-МПА јави дека судирите избувнале затоа што сириските бегалци, особено жените и децата, се обработуваат побрзо од другите националности, што предизвикува незадоволство кај другите групи.
Властите користат само два компјутера поставени во контејнер во близина на пристаништето Митилена, каде што ги регистрираат емигрантите, кои се принудени да чекаат со часови. Доцнењето и исцрпеноста, исто така, предизвикува мигрантите агресивно да се однесуваат кон припадниците на крајбрежната стража.
Се проценува дека околу 4.000 мигранти чекаат на пристаништето за да се качат на бродовите до Пиреја. Вчера и завчера на траекти се качиле само 300 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)